Дома Топ вести Рамос им возврати на критичарите: Зборувате затоа што сме први!

Рамос им возврати на критичарите: Зборувате затоа што сме први!

Реал Мадрид остана на првото место во Ла Лига откако ја победи Мајорка со сигурни 2:0. Еден од стрелците за „кралевите“ беше и Серхио Рамос.

И во овој натпревар видовме контроверзни одлука. Голем дел од фудбалската јавност смета дека во акцијата во која Винисиус Жуниор го постигна првиот гол, Дани Карвахал направил очигледен прекршок.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Прашањето на победникот го реши Серхио Рамос кој во второто полувреме постигна гол од слободен удар. После натпреварот Рамос имаше што да им каже на критичарите.

„Нормално е да се крева прашина затоа што сме први. Претходно не се зборуваше толку. Мислам дека судиите не носат никакви одлуки однапред. Изгледа како да мораме да им бидеме благодарни на судиите што сме први. Некои луѓе не мислат пред да зборуваат“, зборуваше Рамос па порача:

„Само една ќе биде „коронавирус“ Ла Лига и одлучни сме ние да ја освоиме“.

Реал нема многу време, трката со Барселона ќе ја продолжат веќе за три дена и тоа против Еспањол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ни Конте, ни Лопетеги: Милан го избра новиот тренер

Милан е во потрага по нов тренер откако стана јасно дека на крајот на сезоната ќе се разде…