Дома Фудбал Рамос за „арогантниот“ судија: Дали има личен проблем со мене?

Рамос за „арогантниот“ судија: Дали има личен проблем со мене?

Реал Мадрид синоќа беше изненадувачки поразен на гостувањето кај Леванте (1:0) и падна на второто место на табелата.

После мечот капитенот на „кралевите“ Серхио Рамос беше разочаран од односот на судијата Алехандро Ернандез Ернандез и праша дали тој има личен проблем со него.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Не сакам да зборувам за судиите, бидејќи секој прави грешки, но понекогаш се замислуваш. Критериумите е поинаков за нас. Мене ми досудија пенал за ненамерна игра со рака во Суперкупот, а денеска имаше два такви случаи и немаше пенал. Зборував со Ернандез Ернандез, а во минатото судиите имаа поголема почит кон капитените, а сега се арогантни. Го прашав дали има некој личен проблем со мене и ако е така да разговараме“, истакна Рамос.

„Ако е така, ќе го решиме. Одигравме одличен меч, но ни недостасуваше само гол. Имавме шанси, но не ги претворивме во гол. Загубиме самите, на крајот не ни е крив ниту судијата, ниту ВАР“, додаде капитенот на „кралевите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Њукасл донесе страшно засилување од 64 милиони

Офанзивецот на Нотингем Форест, Ентони Еланга, е новиот фудбалер на Њукасл. Оваа вест вече…