Менаџерот на Златан Ибрахимовиќ, Мино Раиола, за „Скај Спорт“ откри дека веќе добил многу понуди за својот клиент.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Покрај тоа, Раиола, смета дека и покрај повредата на коленото Златан може да игра фудбал на високо ниво уште две години.
„Многу клубови се распрашуваа за Златан. Тој ќе игра фудбал уште две години и 100% ќе остане во Европа“, изјави Раиола.
Ибра оваа сезона во дресот на Манчестер Јунајтедп остигна 28 погодоци. Договорот на Швеѓанецот со клуобот од „Олд Трафорд“ истекува ова лето и тешко дека ќе остане во клубот и после летото.
Со повредата на коленото Ибра ја заврши сезоната, а во САД беше опериран и започна со рехабилитација. Имаше многу информации за тоа дека Ибрахимовиќ се договорил со ЛА Галакси, но според зборовите на Раиола од тоа нема да има ништо.