Дома Фудбал Радосна вест од домот на Роналдо: Чекаме близнаци!

Радосна вест од домот на Роналдо: Чекаме близнаци!

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед Кристиано Роналдо и неговата девојка Георгина наскоро ќе станат родители и на близнаци.

Денес на социјалните мрежи парот ја потврди радосната вест и соопшти дека чекаат близнаци.

„Пресреќен сум што можам да објавам дека чекаме близнаци. Срцата ни се полни со љубов и со нетрпение чекаме да ги запознаеме“, порача Роналдо на фотографијата со Георгина.

Георгина и Кристиано веќе имаат ќерка родена 2017 година, а Роналдо покрај тоа има уште три деца. Тука се близнаците Ева и Матео и Кристиано Јуниор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Карагер без милост: Керик можеби посакува Јунајтед да му ги скрати маките

Манчестер јунајтед оди кај Челси со осум натпревари без победа, а Џејми Карагер смета дека…