Дома Фудбал Останато Пјаниќ: Роналдо ми кажа дека морам да ја прифатам понудата од Барселона

Пјаниќ: Роналдо ми кажа дека морам да ја прифатам понудата од Барселона

Миралем Пјаниќ изненади со последната изјава за „Мундо Депортиво“ во која откри дека Кристиано Роналдо имал големи заслуги за неговиот трансфер во Барселона.

Во интервју за „Мундо Депортиво“ Пјаниќ кажа дека Роналдо му кажал само најдобри работи за Барселона, иако како што е познато Португалецот долго време го носеше дресот на Реал Мадрид.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Роналдо ми кажа се најдобро за Барселона. Веројатно многумина очекуваат да ме убедувал да не одам таму, со оглед на ривалството кое го имаше со овој клуб, но тој ми кажа дека морам да ја прифатам понудата и да одам во Шпанија. Благодарен сум на неговиот совет, тој е голем професионалец и фудбалер на кој треба да му се восхитуваме“, изјави Пјаниќ.

Ќе потсетиме, Пјаниќ во Барселона се пресели со зделката во која Артур премина во Торино. Официјалното деби Пјаниќ за Барселона би можел да го има веќе во недела кога Барса ќе игра против Виљареал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Видете го „лудото“ славје на „Граѓаните“🎥

Манчестер Сити ја освои титулата во Премиерлигата, која беше четврта по ред. Гвардиола ста…