На почетокот ја имавме сагата со Кристиано Роналдо, а сега изгледа за крај на летото една ни подготвува Бразилецот, Нејмар.
Во текот на вчерашниот ден се појави информација дека екипата на ПСЖ е спремна да ја плати клазулата за Нејмар која изнесува 222 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денес таа информации беше потврдена од повеќе светски медиумип со напомена дека Нејмар се согласил да премине во францускиот клуб, но сега пристигнуваат нови информации.
Добро известениот „Л”Екип“ повикувајќи се на извори блиски на клубот пренесуа дека ПСЖ е внимантелен и не сака да биде дел од шоуто на Нејмар.
Францускиот медиум потсетува на минатогодишната „измама“ од страна на таткото на Нејмар кој наводно постигнал договор со францускиот клуб, а всушност ја искористи понудата од ПСЖ за да издејствува нов подобар договор за Нејмар во Барселона.
„Л“Екип“ покрај тоа наведува дека треба да се биде реален, се работи за огромен износ и сигурно не е лесно да се реализира толкав трансфер.
Не треба ниту да се заборави финансискиот фер-плеј, бидејќи ПСЖ веројатно ќе може да повлече радикални потези и кога е продавањето на играчи во прашање, доколку само за Нејмар плати 200 милиони евра.