ПСЖ веќе ја започна потрагата по замена за Килијан Мбапе, кој ова лето ќе го напушти клубот како слободен агент.
На радарот на „светците“ се две ѕвезди од Серија А за кои се спремни да платат 240 милиони евра. Стаува збор за Рафаел Леао од Милан и Виктор Осимен од Наполи.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Португалецот се етаблираше во еден од најдобрите млади фудбалери во Европа и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Леао пред неколку месеци стави потпис на нов договор, но ПСЖ е спремен да испрати понуда од 120 милиони евра, која Милан тешко ќе ја одбие.
ПСЖ исто така е во напредни преговори со Осимен, кој ова лето сигуно ќе го напушти Наполи и е многу блиску до трансфер во ПСЖ.