Дома Топ вести ПСЖ спреми 50 милиони за Скриниар

ПСЖ спреми 50 милиони за Скриниар

„Паризиен“ пред неколку дена објави дека главна трансфер цел на ПСЖ ова лето ќе биде дефанзивецот на Интер, Милан Скриниар.

Новиот спортски директор на ПСЖ, Луис Кампос бил во Милано и започнал првични преговори за трансфер на Скриниар.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Нероаѕурите“ имаат финансиски проблеми и се спремни да продадат најмалку една своја ѕвезда, а најверојатно тоа ќе биде Скриниар.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека првата понуда од „светците“ изнесува 50 милиони евра, додека Интер бара 70 милиони за слободата на дефанзивецот.

Преговорите помеѓу двата клуба продолжуваат и се очекува трансферот да биде договорен во наредните денови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…