Дома Трансфер зона ПСЖ комплетираше две засилувања!

ПСЖ комплетираше две засилувања!

Според последните информации, Пари Сен Жермен обезбеди двајца нови играчи за следната сезона.

Реномираниот Фабрицио Романо денес пренесува дека ПСЖ за 60 милиони евра го обезбедил потписот на Мануел Угарте од Спортинг, а завршен е трансферот и на Марко Асенсио на кого му истекува договорот со парижаните.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Асенсио веќе со години игра на највисока сцена, играше во првиот состав на Шпанија на последното Светско првенство, па е добро познат на пошироката јавност. Tој потпишал договор до јуни 2028 година.

Угарте од друга страна е 22-годишен последен играч за врска и не е баш познато име, меѓутоа во Париз веруваат дека тоа наскоро може да стане. Договорот на Угарте е со важност до 2027 година.

За репрезентацијата на Уругвај одигра осум натпревари, додека за Спортинг во изминатата сезона на 47 натпревари не постигна гол и забележа една асистенција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…