Дома Трансфер зона ПСЖ го враќа Обамејанг во Франција

ПСЖ го враќа Обамејанг во Франција

Пари Сент Жермен ќе се обиде да го донесе напаѓачот на Арсенал, Пјер Емерик Обамејанг ова лето, пренесуваат француските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Договорот на Обамејанг истекува за една година, па Арсенал ќе мора да го продаде ова лето, а ПСЖ сака да ја искористи таквата ситуација.

Обамејанг потекнува од школата на Милан, но фудбалската афирмација ја доживеа во Франција, во дресот на Сент Етјен, од каде се пресели во Борусија Дортмунд.

ПСЖ е во потрага по искусен напаѓач бидејќи ова лето ќе остане без Кавани, а преговорите за задржување на Икарди не одат во добра насока.

Обамејанг сака да го напушти Арсенал и да се пресели во клуб каде ќе се бори за трофеи, а ПСЖ се надева дека може да го комплетира трансферот за 40-50 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…