Дома Топ вести ПСЖ влезе во отворена војна со Реал: „Светците“ удрија по Перез!

ПСЖ влезе во отворена војна со Реал: „Светците“ удрија по Перез!

„Ладната војна“ помеѓу ПСЖ и Реал Мадрид одби нов пресврт откако спортскиот директор на „светците“, Антеро Хенрике директно го нападна претседателот на „кралевите“ Флорентино Перез.

На денот кога Кристиано Роналдо ја доби „Златната топка“, Флорентино Перез повеќе го интересираше да зборува за евентуалниот трансфер на Нејмар во Реал и да го коментира медиумските шпекулации дека „Нејмар не е среќен во ПСЖ“.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Да зборуваш за играч од друг клуб на денот кога Роналдо ја добива Златната топка не е убаво“, изјави Хенрике и со тоа отворено го нападна Перез.

Реал Мадрид и ПСЖ ќе ги одмерат силите во четвртфиналето од Лигата на шампиони.

„Ждребот беше лош и за нас и за Реал. Но, ние ќе бидеме центар на светскиот фудбал во тој период и тоа е многу важно. Подобрите ќе одат во следната фаза, освен ако судиите не направат разлика како што се случи минатата година помеѓу Реал и Баерн“, изјави Хенрике и го „пецна“ Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Говото: Се е спремно за потписот на Ван Дајк

Сите детали за новиот договор на Вирџил ван Дајк со Ливерпул се утврдени и документите се …