Преговорите помеѓу Рома и Манчестер Јунајтед за трансфер на Смолинг се пред пропаѓање, пренесуваат медиумите во Италија.
Денес преставници на двата клуба имаа средба, но „црвените ѓаволи“ ја одбија последната понуда од 16 милиони евра за потписот на Смолинг.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
После оваа средба преговорите се пред пропаѓање, бидејќи Рома не сака да понуди повеќе пари и ќе се сврти кон други дефанзивци.
Смолинг минатата сезона играше како позајмен фудбалер во Рома и инсистира да се врати на „Олимпико“, но Јунајтед не сака да го пушти за помалку од 20 милиони евра.
Трансфер пазарот завршува во понеделник, но после денешната средба постои песимизам дека може трансферот да биде договорен.
#Calciomercato – #ASRoma, frenata per #Smalling https://t.co/wpedkkPzQW
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) October 2, 2020