Дома Останати Авто Мото Провокација од Верстапен до Хамилтон: Не знам како навивач на Арсенал сака да го купи Челзи

Провокација од Верстапен до Хамилтон: Не знам како навивач на Арсенал сака да го купи Челзи

Во изминатите денови се појави информација дека Луис Хамилтон е еден од кандидатите за купување на Челзи. Роман Абрамович бара соодветно решение за продажба на англискиот гигант, а британскиот Ф1 возач може да биде дел од опцијата со која ќе стави крај на сагата.

Lazar Keskinov

По ваквата информација провокација до Луис Хамилтон стигна од неговиот ривал на патеката, Макс Верстапен. Холанѓанецот истакна дека не разбира како некој може да го купи Челзи, а да навива за Арсенал.

Lazar Keskinov

Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Искрено, мислев дека Луис навива за Арсенал. Не знам како некој кој навива за Арсенал сака да го купи Челзи. Сепак, тоа се негови пари и може да ги троши на што сака. Кога јас сум во прашање како навивач на ПСВ Ајндховен никогаш не би го купил Ајакс. Исто така не би се задоволил со опцијата да имам проценти во клубот, кога би купувал би сакал да биде во 100% сопственост“, истакна Верстапен.

Lazar Keskinov

Како партнер на Хамилтон во купувањето на Челзи се споменува тенисерката Серена Вилијамс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Нов потрес во Формула 1: Ред Бул остана без човекот кој го креираше шампионскиот тим!

За многумина најдобриот дизајнер во светот во Формула 1, Адријан Њуи замина од Ред Бул. Ов…