Дома Фудбал Останато Претседателот на ПСЖ му одговори на Нејмар: Сега во тимот има единство

Претседателот на ПСЖ му одговори на Нејмар: Сега во тимот има единство

Бразилската ѕвезда Нејмар неодамна го нападна својот поранешен клуб Пари Сент Жермен.

Нејмар пред неколку седмици се пресели во Саудиска Арабија во дресот на Ал-Хилал, а изјави дека поминал низ пекол во ПСЖ.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателот Ал Келаифи сега индиректно го „пецна“ Бразилецот и истакна дека сега има единство во тимот.

„Во тимот на ПСЖ никогаш немало такво единство, на теренот и надвор од него. Тоа го видовм минатиот викенд со победата кај Лион. Имаме фантастичен тренер во Луис Енрике и спортски директор во Луис Кампос и пресреќен сум од обновениот дух кој владее со клубот“.

„Оваа година, во новиот циклус на ПСЖ, нема да се фокусираме на резултатите, туку на перформансите и стилот на игра. Ако го направиме тоа, резултатите сами ќе дојдат. Некои забораваат дека во последните четири години игравме во едно финале и во едно полуфинале во Лигата на шампиони“, вели Ал-Келаифи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Херојот на Реал пред неколку години барал линкови да ги гледа „кралевите“

Херој на Реал Мадрид во реванш полуфиналето од Лигата на шампионите против Баерн Минхен бе…