Дома Трансфер зона Претседателот на Атлетико за Дибала: Не го познавам!

Претседателот на Атлетико за Дибала: Не го познавам!

Претседателот на Атлетико Мадрид, Енрике Серезо изјави дека клубот не е заинтересиран за Пауло Дибала.

Во последните недели се појавија информации за евентуален трансфер на Дибала на „Ванда Метрополитано“, откако Аргентинецот беше виден на вечера заедно со Диего Симеоне.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Дибала е фантастичен фудбалер, но не го познавам. Сум го гледал само еднаш – на натпреварот против Реал Мадрид пред неколку дена“, изјави Серезо.

„Симеоне веќе објасни се – случајно се виделе во ресторан, се поздравиле и ништо повеќе“, додаде претседателот на „јорганџиите“.

Шпанските медиуми инсистираат со тврдењето дека Атлетико спрема понуда од 120 милиони евра за Пауло Дибала, во кого гледа идеална замена за Антоан Гризман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се откажал од Дејвис – има ново решение!

Алфонсо Дејвис долго време се најавува како засилување на Реал Мадрид, меѓутоа тој трансфе…