Дома Фудбал Пресврт: Анчелоти донел неочекувана одлука за продолжување на кариерата?

Пресврт: Анчелоти донел неочекувана одлука за продолжување на кариерата?

Карло Анчелоти, тренерот на Реал, на крајот на сезоната би можел да го продолжи договорот со мадридскиот клуб, иако на челниците на Бразилскиот фудбалски сојуз им ветил дека ќе ја преземе репрезентацијата на таа земја, пренесува шпански Ас. Италијанецот има договор со Реал до јуни следната година.

Шпанските и бразилските медиуми пред неколку месеци објавија дека италијанскиот стручњак се согласил да ја води бразилската репрезентација од јуни следната година.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Ас наведува дека Анчелоти се предомислил и наводно му рекол на раководството на Бразилската федерација дека Реал му е приоритет и додаде дека чека понуда од мадридскиот клуб за продолжување на соработката.

„Анчелоти е во фаза од кариерата кога парите не му се приоритет, туку репутацијата и почитта што ги ужива во Реал и од управата на клубот и од навивачите“.

Исто така, бројни скандали во бразилската федерација се факторите кои го оддалечуваат Анчелоти од селекторската позиција на оваа земја“, стои во текстот на Ас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клаузула во договорот на Мурињо ги отвора вратите кон Реал Мадрид

ЖОЗЕ МУРИЊО има клаузула во договорот со Бенфика која може да го направи достапен уште ова…