Дома Фудбал Премиерлигата одлучува дали да го укине ВАР системот

Премиерлигата одлучува дали да го укине ВАР системот

Преставници на клубовите од англиската Премиер лига следниот месец ќе гласаат за укинување на ВАР, пишуваат медиумите на Островот.

Во Англија постои голем отпор за ВАР-системот, па клубовите на редовниот годишен состанок кој ќе се одржи следниот месец ќе имаат шанса да гласаат за исфрлање на ВАР-системот од употреба.

Според некои проценки, дури и со ВАР-системот во Англија се направени големи грешки кои директно влијаеле врз конечниот резултат. Вулверхемптон беше клубот кој предложи да се гласа за иднината на ВАР-системот во Премиер лигата. На 6 јуни ќе гласаат сите 20 клубови.

За да помине овој предлог, тој треба да биде одобрен од најмалку 14 од 20-те клубови во првата лига на Англија во моментот на нејзиното гласање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Новата генерација на Македонија У21 на проверка во Нови Сад со 24 фудбалери

Александар Таневски избра 24 играчи за контролата со Србија на 12 ноември. Дуелот е насоче…