Дома Трансфер зона Премиер лигата нова дестинација за Левандовски?

Премиер лигата нова дестинација за Левандовски?

Maнчестер Сити е во потрага по замена за Серхио Агуеро кој ќе си замине на крајот од сезоната.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Да се замени напаѓач како Агуеро сигурно е тешко, па поради во Сити ќе имаат тешка задача. Според последните информации Сити ќе се обиде да го доведе Левандовски од Баерн Минхен.

Полскиот голгетер веќе седум години игра во голема форма за Баерн и настапи на 326 натпревари во кои постигна 289 голови. На лето Левандовски ќе наполни 33 години и можеби ова е негова последна шанса да се проба во Премиер лигата.

„ЕСПН“ денес пишува дека во борба за потписот на Левандовски е и Челзи, меѓутоа сигурно дека Баерн нема лесно да се откаже од неговите услуги.

Левандовски оваа сезона одигра 31 натпревар и постигна 36 голови. До крајот на сезоната ќе се обиде да го сруши рекордот на Герд Милер од 40 голови во сезоната 1971/72.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…