Дома Фудбал Англија Премиер лигата ги суспендираше судиите кои го оштетија Ливерпул

Премиер лигата ги суспендираше судиите кои го оштетија Ливерпул

Дерби натпреварот од седмото коло од  Премиер лигата меѓу Тотенхем и Ливерпул донесе многу возбудувања, но и големи судиски грешки.

Тотенхем победи со гол во судиското продолжение, а судиите претходно во првото полувреме погрешно му поништија гол на Ливерпул кој го постигна Луис Дијаз.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Судиското тело подоцна призна дека одлуката за поништување на голот на Дијаз била погрешна, тврдејќи дека станува збор за човечка грешка и оти погодокот требало да биде потврден пред ВАР интервенција,

„Судијата Дарен Ингланд и неговиот помошник Дан Кук, кои беа во ВАР собата на дуелот меѓу Тотенхем и Ливерпул се заменети за денешниот натпревар меѓу Нотингем Форест и Брентфорд и утрешниот меѓу Фулам и Челзи“, соопшти Судиското тело.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бензема договори сензационален трансфер, но го блокираше – Кристијано Роналдо?!

Карим Бензема и Кристијано Роналдо се главна тема во Саудиска Арабија, а и двајцата на нек…