Дома Трансфер зона Преговорите започнаа – Челзи договара ОДЛИЧНО засилување?

Преговорите започнаа – Челзи договара ОДЛИЧНО засилување?

Екипата на Челзи минатата недела доведе две нови засилувања, но изгледа дека „сините“ нема да запрат тука.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Клубот од „Стенфорд Бриџ“ минатата недела потпиша договори со Антонио Рудигер и Тајмон Бакајоко. Следна мета на Антонио Конте е одличниот фудбалер на Атлетико Мадрид, Јаник Караско.

Англискиот клуб веќе ги остварил првите контакти со Белгиецот кој би можел да биде дел од трансферот на Диего Коста кој сака да се врати во Атлетико Мадрид. Наводно, Караско нема ништо против тоа својата кариера да ја продолжи во дресот на шампионот на Англија.

Овој 23 годишен фудбалер со Челзи би требало да потпише договор на пет години, но сеуште се зависи од Диего Коста. Караско минатата сезона постигна 10 погодоци на 35 натпревари во шпанската Примера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…