Дома Трансфер зона Преговорите во завршна фаза: Лихштајнер се сели во Арсенал

Преговорите во завршна фаза: Лихштајнер се сели во Арсенал

Иако изгледаше дека Стефан Лихштајнер кариерата ќе ја продолжи во Борусија Дортмунд, Швајцарецот ја променил одлуката.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Лихштајнер после седум години поминати во Јувентус одлучи да побара нов предизвик. Како наредна станица долго време се споменуваше Борусија Дортмунд, но од Арсенал успеале да ја победат конкуренцијата и овој дефанзивец ќе биде првото засилување за Емери.

Овој 34 годишен фудбалер, Емери сакаше да го доведе и во Пари Сен Жермен, а „Скај Спорт“ тврди дека преговорите на релација „Лихштајнер – Арсенал“ се во завршна фаза и наскоро се очекува и потврда за овој трансфер.

Швајцарецот во Арсенал пристигнува како слободен играч со оглед на тоа дека му истече договорот со Јувентус со кој освои седум титули во домашното првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…