Дома Трансфер зона Првиот човек на Барселона ги шокираше сите: Запрете го трансферот!

Првиот човек на Барселона ги шокираше сите: Запрете го трансферот!

Првиот човек на Барселона, Бартомеу одлучи да го запре трансферот на аргентинскиот напаѓач Лаутаро Мартинез.

22-годишниот напаѓач веќе подолго време се поврзува со Барселона. Самиот Бартомеу неодамна призна дека преговорите се во тек, но од доаѓање на Мартинез на Камп Ноу нема да има ништо.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Магазинот АС тврди дека Бартомеу одлучил да ги запре преговорите за трансфер и тоа поради лошата економска ситуација во клубот.

„Бартомеу даде логично решение – нема да има големи засилувања. Одлуката е донесена откако Ла Лига порача дека трансферот на Артур нема да го смета како приход бидејќи се работи за размена со Јувентус. Ла Лига има намера да го запре трансферот на Лаутаро освен ако клубот не продаде играчи со кои ќе отвори простор за потпис на нови.“ – пишува АС.

Барселона само оваа сезона веќе загуби 200 милиони евра. Сумата е огромна и Лаутаро скоро сигурно нема да стане член на каталонскиот клуб ако не продадат неколку фудбалери.

Тој веќе ги договори условите со клубот за петгодишен договор вреден 12 милиони евра по сезона, но поради оваа ситуација трансферот е на чекање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Донарума од Париз сака само во еден од овие два клуба!

Џанлуиџи Донарума би можел да го напушти ПСЖ летово!  Италијанецот влегува во последната г…