Oткако Манчестер Јунајтед го именуваше за нов менаџер, Оле Гунар Солскјер кратко и се обрати на јавноста.
Норвешкиот стратег го наследува Жозе Мурињо, а негово помошници ќе бидат Мајкл Керик и Киреан Мек Кин.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Манчестер Јунајтед е во моето срце и мило ми е што се враќам во оваа улога. Се радувам што ќра работам со оваа талентирана група фудбалери“, кратко порача Солскјер.
Потпретседателот на клубот Ед Вудворд имаше само пофални зборови.
„Оле е легенда на клубот и има големо искуство како играч и како менаџер. Неговото минато во Манчестер Јунајтед значи дека живее за клубот и сите сме среќни што е тука“, изјави Вудворд.