Бразилскиот фудбалер, Даглас Переира пред четири години пристигна во Барселона од Сао Паоло, но неговиот трансфер се покажа како големо промашување на каталонскиот клуб.
Даглас за четири години поминати во Барселона одигра само осум натпревари, но треба да се истакне дека две сезони беше на позајмица во Спортинг Хихон и Бенгика. Сепак, овие клубови не сакаа да го откупат неговиот договор бидејчи скоро да не одигра цел натпревар во последните две години.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Откако му истече позајмицата во Бенфика овој фудбалер се врати во Барселона, каде што ги започна припремите за наредната сезона. Меѓутоа, Ернесто Валверде веднаш му порача дека нема да смета на него, но проблем беше што немаше кој да го купи.
Даглас имаше понуди од Бразил, но ги одби бидејќи сакаше да остане во Европа и на крајот се појави клуб кој ќе го доведе Даглас на позајмица, а тоа е турски Сиваспор. Овој договор е официјализиран и Даглас во наредната година ќе игра во Турција.
Тоа се одлични вести за Барселона со оглед дека Бразилецот нема да се врати во клубот. Во случај Сиваспор да не го откупи неговиот договор наредната година тој ќе биде слободен фудбалер бидејќи од договорот со Барселона му завршува.