Дома Останати Кошарка Почина Ал Атлес, еден од најважните луѓе во историјата на Голден Стејт Вориорс

Почина Ал Атлес, еден од најважните луѓе во историјата на Голден Стејт Вориорс

Членот на Кошаркарската куќа на славните и легендата на Голден Стејт Вориорс Ал Атлес почина во вторникот на 87-годишна возраст, објавија синоќа Вориорс. Атлес, кој влезе во Куќата на славните во 2019 година, служеше како играч, тренер и генерален менаџер на Вориорс повеќе од две децении.

„Алвин остава зад себе длабоко наследство во играта на кошарката и заедницата на Беј Ареј, но особено како семеен човек и хуманитарец“, објавија Вориорс. „Ние тагуваме заедно со неговата сопруга Вилхелмина, синот Алвин и сите кои го познаваа и сакаа.+


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Атлес беше избран од Филаделфија Вориорс во петтата рунда на драфтот во 1960 година. Тој се појави на 711 натпревари во најсилната лига на светот и имаше просек од 8,9 поени, 3,5 асистенции и 3,5 скока. Кога легендарниот Вилт Чембрлен постигна 100 поени на натпреварот помеѓу Вориорс и Њујорк Никс на 2 март 1962 година, Атлс постигна 11 поени.

По завршувањето на својата играчка кариера веднаш се префрли на тренерската работа и стана еден од првите црнци тренери во историјата на НБА. Тој беше тренер на Вориорс од 1970 до 1983 година и го предводеше тимот до титулата во НБА во 1975 година во четири натпревари над Вашингтон Булетс.

Атлес подоцна работеше како генерален менаџер на Вориорс три сезони и имаше улоги како потпретседател и консултант. Франшизата го повлече неговиот дрес со број 16. Покрај тоа што беше примен во Меморијалната куќа на славните на Нејсмит во 2019 година, тој ја доби и наградата за животно дело на Џон Р. Бан од Куќата на славните во 2014 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Димитријевиќ со неверојатниот настап против Литванија израмни рекорд и го освои признанието МВП

Со израмнет рекорд според бројот на реализирани поени на еден натпревар од промена на форм…