Дома Фудбал Репрезентации Потврдено: Ова се тројцата кандидати за наследник на Тите во Бразил

Потврдено: Ова се тројцата кандидати за наследник на Тите во Бразил

Претседателот на Фудбалската федерација на Бразил, Едналдо Родригез изјави дека Абел Фереира, Доривал Жуниор и Фернандо Диниз се најсериозните кандидати за нов бразилски селектор.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Актуелниот селектор Тите одлучи да се пензионира по завршувањето на Светското првенство во Катар. Бразил на Мундијалот ќе игра во група со Србија, Швајцарија и Камерун.

„Бразилскиот фудбал има неисцрпен извор на големи тренери. Можам да потврдам дека кандидати за тренер се Фереира, Жуниор и Диниз, но не е фер да се зборува само за нив, а да се заборават другите, бидејќи имаме уште најмалку 10 квалитетни кандидати. Моментално сме фокусирани на подготовките за Катар. Ќе донесеме одлука за наследникот на Тите по Светското првенство“, рече Родригез.

Фереира (43) е португалски стручњак кој моментално е тренер на Палмеирас и со тој клуб двапати по ред го освојуваше Копа Либертадорес, а претходно беше тренер на ПАОК, Брага и Спортинг.

Диниз (48) е тренер на Флуминенсе, а претходно, меѓу другите, раководеше со Васко де Гама, Сантос, Сао Паоло и Атлетико Параненсе.

Доривал Јуниор (60) е тренер на Фламенго, а претходно ги водеше Сао Паоло, Палмеирас, Флуминенсе, Васко де Гама, Сантос и Крузеиро.

Тите ја презеде селекцијата на Бразил во 2016 година и со оваа селекција стигна до четврт-финалето на СП 2018 во Русија, каде беше поразен од Белгија со 2:1.

Со Бразил ја освои Копа Америка во 2019 година, а лани загуби од Аргентина во финалето на ова натпреварување. Бразилската јавност очекува тој да се збогува со титулата светски првак.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Силекс и Шкендија ќе играат во финалето од Купот на Македонија!

Силекс обезбеди пласман во финалето од Купот на Македонија, откако на домашен терен во Кра…