Дома Трансфер зона Потврдено: Дортмунд после Азар донесе уште едно големо засилување!

Потврдено: Дортмунд после Азар донесе уште едно големо засилување!

Борусија Дортмунд денес и официјално го потврди трансферот на Торган Азар од Борусија Мехенгладбах, но е на добар пат да доведе уште една голема ѕвезда од Бундеслигата.

Имено, германскиот репрезентативец и ѕвезда на Баер Леверкузен, Јулијан Брант се договори со „милионерите“ и наскоро ќе го официјализира трансферот во Дортмунд.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


23-годишниот офанзивен фудбалер во својот договор има откупна клаузула од 25 милиони евра, која Борусија Дортмунд е спремна да ја плати.

Во следните денови се очекува Брант да пристигне на медицински прегледи во Дортмунд и официјално да стави потпис на 5-годишен договор.

https://youtu.be/O2vHA4aj7bM

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн во Милан го најде наследникот на Ноер

Мајк Мењан е еден од најважните карики во Милан и се етаблираше во еден од најдобрите голм…