Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, се најде во центарот на вниманието минатиот викенд после инцидентот во натпреварот со Гирона.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Французинот во првото коло од шпанската лига, експресно заработи два жолти картони после што упати навреди кон главниот судија. Гризман прво доби жолт картон поради симулирање, но откако испрати неколку навреди, главниот арбитар на натпреварот мораше пред време да го испрати во соблекувалната.
Медиумите на Пиринеите објавија дека Гризман го очекува жестока суспензија поради навредите кон судијата и дека би можел да заработи суспензија од четири натпревари. Но, дисциплинската комисија на ФС Шпанија не беше толку жестока, па денес беше официјално соопштено дека Гризман ќе пропушти два натпревари.