Француската фудбалска лига од следната сезона ќе воведе ВАР технолигија потврдено беше на состанокот на професионални клубови во Париз.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
„Како што сега стојат работите, ВАР ќе биде воведен од сезоната 2018/2010. Иницијативата е прифатена од страна на претседателот на клубовите, судиската организација, а и јавноста ја поддржува оваа иновација“, изјави претседателот на Фудбалскиот сојуз на Франција Ноел Ле Грет.
ВАР оваа сезона беше воведен во Серија А и Бундеслигата, а од следната сезона ќе го користи и шпанската Ла Лига. Исто така веќе се користи на натпреварите на Светското клупско првенство, додека претседателот на ФИФА Џани Инфантино потврди дека ќе се користи и на Светското првенство наредната година.