Дома Трансфер зона Постигнат договор: Солскјер добива нов лев бек!

Постигнат договор: Солскјер добива нов лев бек!

Манчестер Јунајтед е на чекор од комплетирање на трансферот на левиот бек на Порто, Алекс Телеш, пренесуваат медиумите на Островот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Двата клуба веќе една недела водеа преговори, Јунајтед сакаше да го вклучи Диого Далот како дел од трансферот, но португалскиот клуб ја одби таа можност.

На крајот двата клуба постигнаа договор за трансфер вреден 26 милиони фунти и во следните денови Алекс Телеш треба да пристигне на „Олд Трафорд“.

Раководството на Јунајтед бара засилување на одбраната по поразот од Кристал Палас во саботата. Клубот разговара и за можно привлекување на централен дефанзивец пред затворањето на трансфер пазарот на 5 октомври.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…