Дома Фудбал Португалија на нозе: Роналдо и друштво изгледаат импресивно пред Мундијалот

Португалија на нозе: Роналдо и друштво изгледаат импресивно пред Мундијалот

Фудбалската репрезентација на Португалија вечерва го победи Алжир со 3:0 во пријателски натпревар пред да отпатуваат на СП во Русија.

Кристијано Роналдо и екипата потполно го разбија вечерашниот ривал. Доаѓаа до шанса кога ќе посакаа и на крајот Алжир може да биде среќен што прими само три гола.

Португалија изгледа импресивно пред Мундијалот. Доказ за тоа се и вечерашните акции при головите во сите три погодоци.

Португалија дојде до водство во 17. минута. Бернардо Силва после прекрасна акција му асистираше на Гуедес кој погоди за 1:0.

Домашната репрезентација продолжи да напаѓа, што резултираше со втор погодок во 37. минута. Овој пат Роналдо е асистент, а Бруно Фернандес стрелец за 2:0.

Точката на овој натпревар беше ставена во 55. минута, кога Гуедес го постигна својот втор погодок за конечни 3:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шкендија оди по нов успех во Струга, Криезиу предупредува на ситните детали

Струга и Шкендија се среќаваат во 13. коло, а Алмир Криезиу ја нагласува важноста на психо…