Дома Фудбал Италија Поранешниот играч на Интер тврди: Латуаро оди во Атлетико, тоа е завршена работа

Поранешниот играч на Интер тврди: Латуаро оди во Атлетико, тоа е завршена работа

Интер после долго време ја врати титулата во Серија А, но сега медиумите во Италија на големо пишуваат за финансиски проблеми во Интер.

Во клубот постои дилема и за иднината на тренерот Антонио Конте, како и за уште неколку фудбалери. Во меѓувреме се појавуваат и шпекулации за новите клубови на играчите кои се поврзуваат со заминување.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Сега поранешниот напаѓач на Интер и италијански репрезентативец Никола Вентола изјави дека Лаутаро Мартинез ќе се пресели во Атлетико Мадрид.

“Фрлам бомба. Лаутаро Мартинез оди во Атлетико Мадрид. Мои извори ми кажаа дека таа работа е завршена и ќе биде добро платен“, зборуваше Вентола во разговорот со Виери.

Лаутаро долго време се поврзуваше со Барселона и со Реал, посебно со Каталонците, па оваа изјава на Вентола е изненадување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Романо го потврди следниот клуб на Мбапе: Повеќе нема дилеми

Фабрицио Романо денеска потврди дека Килијан Мбапе (25) од ПСЖ летово ќе премине во Реал М…