Дома Фудбал Останато Поранешни фудбалери ќе седат во ВАР собата?

Поранешни фудбалери ќе седат во ВАР собата?

Поранешниот англиски судија Марк Клатенбург даде интересна идеја со која смета дека би се намалил бројот на судиски грешки во Премиер лигата.

Според Клатенбург, ако бидат ангажирани поранешни фудбалери во ВАР собата со свои сугестии можат да придонесат за подобри одлуки.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Премиер лигата повторно е критикувана поради аматерските одлуки на судиите кои некогаш директно го кројат исходот на натпреварот, како што беше случај на натпреварот помеѓу Тотенхем и Ливерпул.

„Мислам дека би помогнало ако поранешни играчи седат во ВАР собата. Tие би можеле да бидат ВАР асистенти или втори ВАР асистенти.

Така би имале двајца или тројца судии во ВАР собата и еден поранешен фудбалер. Спорните ситуации ќе можат да ги решаваат со заеднички одлуки“, изјави Клатенбург.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Официјално: Тони Крос ја завршува кариерата!

Тони Крос става крај на професионалната фудбалска кариера. Германскиот фудбалер ќе ја завр…