Дома Трансфер зона Поранешен фудбалер тврди: Рашфорд е мој син!

Поранешен фудбалер тврди: Рашфорд е мој син!

Овие денови во британските медиуми се појави приказна за поранешен фудбалер, кој тврди дека е татко на напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд.

Микел Боје Маркеј, кој е роден во Гана, а од неодамна живе во Велика Британија тврди дека Рашфорд му е син.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Маркеј сега одлучи да излезе во јавност и да открие дека Рашфорд му е син, и дека со неговата мајка бил во врска пред 22 години.

„Маркус Рашфорд е мој син и тој го знае тоа, иако не сме се виделе неколку години. Во почетокот беше лут затоа што мислеше дека го напуштив, но тоа не беше така“.

„Многумина ми доаѓаат и сакаат да добијат приказна од мене, но јас не сум тип кој бара лесен начин да заработи пари и да стане познат. Само сакам да се разјасни ситуацијата“, кажа 65-годишниот човек.

Рашфорд не се огласи после ваквите тврдења. Тој е роден во Манчестер, а како негови родители се „запишани“ Жосеф и Меланија Рашфорд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…