Дома Останати Кошарка Порака до Јабуселе: Треба да се моли да биде суспендиран!

Порака до Јабуселе: Треба да се моли да биде суспендиран!

Главна тема во денешните спортски медиуми е тепачката која настана на вчерашниот натпревар помеѓу Реал Мадрид и Партизан.

По овој инцидент се огласија и други познати кошаркари, а Малком Дилејни кој настапува за Милано испрати порака до Гершон Јабуселе кој со боречки зафат го собори Данте Ексум.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Ексум во таа ситуација заработи и најверојатна потешка повреда. Пораката на Дилејни до Јабуселе е да биде среќен ако добие суспензија да не патува во Србија.

„Навивачите на Партизан нема во никој случај да му дозволат на Јубуселе да стигне до арената во Белград. Без разлика дали ќе биде казнет, тој нема да игра во третиот натпревар. Самиот треба да се моли да биде суспендиран за да не патува во Србија“, изјави Дилејни.

Партизан со тој триумф поведе со 2:0 во серијата, а натпреварот во Белград се игра во вторник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Серија А ги избира најдобрите: Познати кандидатите по позиции

До крајот на сезоната во Италија остана уште едно коло, па така веќе се собираат впечатоци…