Дома Топ вести Понудата испратена: Милан го „краде“ Тонали пред носот на Интер

Понудата испратена: Милан го „краде“ Тонали пред носот на Интер

Милан после паузата игра како препороден и веќе обезбеди пласман во Лига Европа, а ова лето „росонерите“ сакаат значително да го засилат тимот.

Тренерот Пиоли го продолжи договорот и ќе го предводи Милан и следната сезона, а раководството му обезбеди солиден буџет за засилувања.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Газета дело Спорт“ пренесува дека Милан сериозно за вклучил во трката за Сандро Тонали, кој важи за најголем италијански талент во моментов.

Веќе подолго време Интер се споменува како фаворит за неговиот потпис, но Милан веќе стапил во контакт со Бреша и сака да го „украде“ пред носот на „нероаѕурите“.

Весникот пренесува дека Милан веќе испратил понуда до Бреша, која е подобра од таа на Интер и очекува во наредните недели да го комплетира трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…