Дома Топ вести Понуда која не се одбива, Инсиње ја напушта Европа

Понуда која не се одбива, Инсиње ја напушта Европа

Иднината на Лоренцо Инсиње и понатаму е главна тема на Апенините, откако одби да го продолжи договорот со Наполи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Договорот на Инсиње со Наполи истекува во јуни 2022 година, а според „Газета дело Спорт“ двете страни се далеку од продолжување на соработката.

Последните информации од Апенините се дека Инсиње ја прифатил понудата на Торонто и ќе се пресели во МЛС лигата.

Имено, Торонто му понудил 50-годишен договор тежок 10 милиони евра по сезона плус бонуси, а Италијанецот не може да ја одбие таквата понуда.

Инсиње моментално заработува 5 милиони евра по сезона, а со оглед на фактот дека веќе има 30 години ниту еден европски клуб не му нуди поголема плата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…