Дома Фудбал Полицијата ќе го уништи „Ламбурџинито“ од 475.000 фунти на играчот на Сити?

Полицијата ќе го уништи „Ламбурџинито“ од 475.000 фунти на играчот на Сити?

Фудбалерот на Манчестер Сити, Бенџамин Менди се најде во проблеми со полицијата.

Имено, неодамна полицијата го запре Менди во Манчестер, а при рутинската контрола било потврдено дека тој вози без возачка дозвола и осигрување.

Менди го возел неговото скапоцено Ламбурџини од 475.000 фунти, а полицијата одлучи да му го одземе возилото.

Французинот според правилата во Англија треба да ја среди документацијата и да плати казна во рок од неколку дена бидејќи од тој момент поминаа 20 дена. Менди не се огласува, а во таква ситуација англиската полиција има право да му го уништи возилото без разлика колку тоа е скапо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аморим пред дербито: Не му завидувам на Киву, јас сум во Милан!

Рубен Аморим најави враќање на тројца фудбалери за пресметката со Интер, но предупреди дек…