Дома Трансфер зона Пола Европа го сака екс играчот на Интер

Пола Европа го сака екс играчот на Интер

Раководството на Порто изминатите денови одби две големи понуди за својот фудбалер Алекс Телеш, тврдат португалските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Јувентус и Баерн Минхен биле спремни да платат 35 милиони евра за бразилскиот лев бек, но раководството на Порто ги одбило двете понуди.

Поранешниот играч на Интер не се прослави на „Џузепе Меаца“, каде помина една сезона, а потоа се врати во Галатасарај. Минатото лето пристигна во Порто каде одигра одлилчна сезона.

Португалскиот клуб не сака да се откаже од услугите на 25-годишниот Бразилец, но за Алекс Телеш има многу заинтересирани клубови.

Англиските медиуми пренесуваат дека Ливерпул се вклучил во траката за неговиот потпис и е спремен во наредните денови да испрати понуда од 40 милиони евра, но силна конкуренција ќе има во тимот на Челзи, кој исто така го сака Бразилецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…