Навивачите на Тотенхем наскоро би можеле да добијат големо засилување.
Имено, тренерот Маурисио Покетино е заинтересиран ова лето да го доведе крилниот напаѓач на Борусија Дормтунд, Марко Ројс. Германскиот фудбалер и некогаш ѕвездата на европскиот фудбал има договор кој истекува за година дена, а се уште нема индикации дали ќе го продолжи договорот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Ројс беше повреден од мај минатата година, а на теренот се врати неодамна и постигна гол во ремито (1:1) против Аугсбург. Освен Тотенхем, за него е заинтересиран и Ливерпул, бидејќи Јирген Клоп е добро запознаен со Ројс, со оглед на тоа што своевремено заедно работаа во Дортмунд.
Ројс е член на Дортмунд од летото 2012. година, кога пристигна од Менхенгладбах за нешто повеќе од 17 милиони евра, а во текот на оваа сезона одигра само три натпревари во Бундеслигата и постигна два гола. Потсетуваме, тој некогаш се поврзуваше и со најголемите клубови во светот, како Барселона и Реал Мадрид, но повредите целосно ја уништија неговата кариера и големо е прашањето што може да направи во иднина.