Шпанските медиуми пренесуваат дека Диего Симеоне после 11 години одлучил да го напушти Атлетико Мадрид.
Симеоне цели 11 години го води Атлетико Мадрид и стана вистинска легенда на „јорганџиите“, бидејќи клубот под негово водство ги направи најголемите успеси во историјата.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Меѓутоа, донел одлука да си замине на крајот на сезоната, Атлетико го има фаворитот за негов наследник, а станува збор за Луис Енрике.
Поранешниот тренер на Барселона и селектор на Шпанија, Луис Енрике е слободен, а Атлетико му нуди 3-годишен договор.
Тоа ќе биде радикална промена, бидејќи стилот на Луис Енрике комплетно се разликува од тој на Симеоне.