Дома Топ вести Познати сите детали: Прегледите закажани, Рамзи станува трет најплатен играч во Серија А!

Познати сите детали: Прегледите закажани, Рамзи станува трет најплатен играч во Серија А!

Aрон Рамзи договори соработка на пет години со Јувентус!

Лекарските прегледи Рамзи ќе ги помине во недела, а за „старата дама“ ќе може да настапува од лето.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Велшанецот ја искористи можноста да преговара на шест месеци пред истекот на договорот и постигна договор со италијанскиот гигант.
Рамзи во Серија А ќе стане трет најплатен играч.

Претходните денови се шпекулираше дека фудбалерот во Торино ќе добива плата од 6.5 милиони евра, а според новите информации тој ќе добива 8 милиони евра.

Ова значи дека ќе биде трет најплатен играч во Серија А, после Кристиано Роналдо и Гонзало Игуаин,.

Во Арсенал Рамзи одигра 390 натпревари и постигна 65 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…