Милан после 11 години го освои Скудетото, а оваа недела се очекува да добие нови сопственици.
Директорот Паоло Малдини изјави дека на тимот му се потребни три топ засилувања за да започне победнички циклус, а новите сопственици се спремни да му дадат солиден буџет за трансфери.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
„Газета дело Спорт“ открива дека најголема желба на Малдини е ѕвездата на Рома и италијански репрезентативец, Николо Заниоло.
„Росонерите“ подготвуваат понуда за 22-годишниот офанзивен играч кој има договор со Рома до 2024 година.
Заниоло одбива да го потпише нов договор со „волчицата“, па тоа ќе ја натера Рома сериозно да размисли да го продаде ова лето.
Рома за неговата слобода бара 60 милиони евра, а Милан ќе се обиде да ја намали таа сума со вклучување на разни бонуси.