Дома Топ вести Позната главната трансфер цел на Милан во јануари

Позната главната трансфер цел на Милан во јануари

Милан добро го засили тимот во летниот преоден рок, а веќе прави планови за зимски засилувања.

„Росонерите“ го засилија средниот ред со Сандро Тонали, но не успеаа да постигнат договор со Челзи за Бакајоко.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Италијанските медиуми тврдат дека главна цел на Милан во зимскиот преоден рок ќе биде играчот за врска на Лил, Бубакари Сумаре.

Сумаре минатата сезона со своите настапи ги воодушеви фудбалските критичари, па веќе го доби епитетот „новиот Погба“, бидејќи многу наликува на ѕвездата на Манчестер Јунајтед.

Европските гиганти веќе покажаа силен интерес за Сумаре, но француските медиуми тврдат дека Милан сака да ја победи конкуренцијата и веќе започнал преговори.

Милан има одлични односи со Лил од каде минатото лето го донесе Рафаел Леао за 30 милиони евра, а се претпоставува дека и трансферот на Сумаре ќе чини осто толку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи го купува најголемиот аргентински талент

Челзи е силно заинтересиран за новиот аргентински „бисер“ и сака да ја победи конкуренција…