Дома Фудбал Погледнете како легендите во студиото почнаа да се смеат по прашањето на Белингем

Погледнете како легендите во студиото почнаа да се смеат по прашањето на Белингем

ЏУД БЕЛИНГЕМ беше најдобриот играч на натпреварот во кој Реал Мадрид славеше на гостувањето кај Наполи во натпреварот од 2.коло од групата Ц во Лигата на шампионите.

Стрелецот на првиот гол за Реал во победата од 3:2 по натпреварот се најде пред камерите, а со една духовита забелешка ги насмеа легендите во студиото на CBS.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Легендата на Ливерпул, Џејми Карагер, легендата на Арсенал, Тиери Анри и иконата на Манчестер Сити, Мика Ричардс долго време ги забавуваа гледачите со стручни анализи и духовити коментари на преносите од натпреварите.

Познати се по смеењето во студио, а вчера вечерта во Лигата на шампионите не беше исклучок. Карагер и Анри имале поуспешни кариери од Ричардс, кој поради тоа често е мета на шеги во студиото.

Белингам го коментираше натпреварот против Наполи кога му кажаа дека играл како Карагер во одбраната и се однесувал како Анри во нападот.

Очигледно запознаен со концептот на шоуто и начинот на кој другите се потсмеваат на Ричардс, Белингам одговорил: „А не како Мика?“ Неговиот одговор предизвика воодушевување и смеа во студиото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед ќе се обиде да го задржи Мегваер со нов договор

Управата на Манчестер Јунајтед ќе му понуди нов договор на Хари Мегваер, соопштуваат разли…