Дома Фудбал Погледнете го еден од најубавите голови во сезоната. Топката во еден момент се чинише како да оди далеку од голот

Погледнете го еден од најубавите голови во сезоната. Топката во еден момент се чинише како да оди далеку од голот

Во второто коло од групата Ц во Лигата на шампионите, Унион Берлин загуби на домашен терен од Брага со 3:2 откако поведе со 2:0.

Во првиот домашен натпревар од Лигата на шампионите во историјата, Унион тргна фуриозно и поведе со 2:0 со головите на Шералд Бекер (30, 37), но Португалците се вратија во игра со головите на Сику Ниаката (41 ) и Холанѓанецот Брума (51).

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Унион беше на прагот да го освои првиот бод во историјата на Лигата на шампионите се до 95. минута, кога Андре Кастро со удар од 20 метри постигна погодок за победа за Брага.

Голот на Брума е особено импресивен и без сомнение е еден од најубавите голови кои сме ги виделе оваа сезона. Камерата зад аголот ја покажа неверојатната траекторија што ја зеде топката. Во еден момент се чинеше дека топката оди многу подалеку од голот, но благодарение на извонредниот ефект таа се смести во мрежата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед ќе се обиде да го задржи Мегваер со нов договор

Управата на Манчестер Јунајтед ќе му понуди нов договор на Хари Мегваер, соопштуваат разли…