ВАЛВЕРДЕ постигна гол во 78. минута од натпреварот Наполи – Реал во второто коло од Лигата на шампионите, при резултат 2:2, што веќе може да се прогласи за еден од головите на сезоната.
Модриќ изведе корнер од десната страна. Одбраната на Наполи ја одби центрираната топка на речиси 25 метри од голот. Таму, Валверде ја прими и со десна нога упати силен шут кон голот на Наполи. На патот кон голот таа допре играч на Наполи, ја погоди гредата, а потоа и во грбот на голманот на Наполи, Алекс Мерето.
„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
Се појави видео од ударот и голот направени од источната трибина на стадионот Марадона. Голот на Валверде изгледа уште поимпресивно од овој агол. На видеото особено интересна беше реакцијата на Џуд Белингам.
This angle of Fede Valverde’s goal is incredible.
— TC (@totalcristiano) October 3, 2023
Look at Bellingham’s reaction. 😂🤍 pic.twitter.com/qZzvzs2BJX