Дома Фудбал Погба: Кошмарот конечно заврши

Погба: Кошмарот конечно заврши

Пол Погба (31) ќе може повторно да игра од март 2025 година, објави британски Дејли Мејл, а потоа истото го напиша и најпознатиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо.

Фудбалерот на Јувентус ќе може да тренира веќе во јануари следната година, откако казната за допинг му беше намалена од четири на една и пол година.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Да потсетиме, Погба беше суспендиран на крајот од минатата сезона бидејќи тестот на кој беше подложен по натпреварот меѓу Удинезе и Јувентус на 20 август 2023 година покажа дека има вишок тестостерон. Францускиот играч од средниот ред се огласи по оваа вест:

„Кошмарот конечно заврши. Со нетрпение го чекам денот кога повторно ќе можам да ги следам моите соништа. Од самиот почеток тврдам дека свесно не ги прекршив правилата за антидопинг.

Му благодарам на арбитражниот суд што го слушна моето објаснување. Ова беше многу стресен период од мојот живот. Ви благодарам за вашата поддршка, напиша Погба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ не успеа да го демонтира Ливерпул во Париз, но веќе гледа кон полуфиналето

Актуелниот носител на трофејот во Лигата на шампионите Пари Сен Жермен го надмина категори…