Дома Трансфер зона Погба е врвен приоритет на Јувентус

Погба е врвен приоритет на Јувентус

Пол Погба е главна трансфер цел на Јувентус ова лето, пренесуваат италијанските медиуми.

Во последните неколку месеци се појавија многу шпекулации околу играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, и медиумите тврдат дека Погба ја игра последната сезона на „Олд Трафорд“.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Неговиот агент Мино Раиола во неколку наврати потврди дека Французинот сака да го напушти клубот, а најсилен интерес за него покажуваат Реал Мадрид и Јувентус.

Спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи работи на трансферот и сака во зделката да ги вклучи Арон Рамзи и Даглас Коста.

Манчестер Јунајтед постави цена од 100 милиони фунти за Французинот, па поради тоа „бјанконерите“ сакаат да ја намалат цената со вклучување на свои фудбалери кои се интересни за клубот од „Олд Трафорд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал фаворит за потписот на Шешко

Арсенал сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантастичниот…