Дома Фудбал Англија Погба го чинел Манчестер Јунајтед повеќе од милион евра по натпревар

Погба го чинел Манчестер Јунајтед повеќе од милион евра по натпревар

Манчестер Јунајтед потврди дека Пол Погба ќе замине од клубот како слободен играч на крајот на месецот.

„Дејли Мејл“ открива дека поради тоа Манчестер Јунајтед ќе треба да му исплати бонус за лојалност на Погба во износ од 3,78 милиони фунти (околу 4,4 милиони евра) кога Французинот ќе си замине на крајот од месецот.

Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ


Погба во 2016 година се пресели од Јувентус во Манчестер Јунајтед за клупски рекорд од 105 милиони евра, но не ги оправда очекувањата на „Олд Трафорд“.

Медиумите пресметаа  дека Пол Погба го чинел Манчестер Јунајтед околу 256 милиони евра кога ќе се собере обесштетувањето, провизијата за Мино Раиола и платата плус најразличните бонуси од изминативе пет години.

Пресметано тоа е 1,13 милиони евра по натпревар, Погба одигра 226 натпревари или 6,6 милиони евра за секој од 39 постигнати голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал потроши 45 милиони на човек кој никогаш не стапна на теренот

Бразилскиот фудбалер Реиниер Жесус Карваљо (23) повеќе не е играч на Реал Мадрид. Тој ја п…